Македонија Најважни

Петровска се откажа од трката за лидер на СДСМ

На еден пред изборот за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска официјално се откажа од трката. Поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка на опозициската партија веќе испратила и официјално писмо до Централната изборна комисија на СДСМ дека ја повлекува својата кандидатура. Причината како што вели за таа Телма, се бројните неправилности кои ги направиле општинските организации, за кои вчера ја информирала комисијата, која не ги земала истите в предвид и донела одлука процесот да продолжи.

„Увидов дека има повеќе од десетина лица кои се регистрирани за гласање, а се починати пред повеќе од три месеци. Значи пред воопшто процесот и да започне. Во неколку општински организации во Охрид, Битола и Куманово и во неколку скопски се евидентирани лица кои се истакнати активисти на ВМРО-ДПМНЕ, а се регистрирани за гласање. Така што сето ова дава сомнеж во веродостојноста на избирачкиот список и јас не би можела да учествував во избори во кои знам дека има неправилноста, без оглед на тоа каков би бил исходот“, изјави Петровска за Телма.

Остануваат тројца кандидати во игра, кои ветија реформи во партијата и нејзино враќање на правите патеки.. Ексминистерот за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски и заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски.

Петровска ги повика и тие да ги повлечат кандидатурите и да се избере времено раководство бидејќи кој и да победи изборите нема да бидат легитимни.

„Јас сум разочарана од изјавите кои ги гледам и вчера и денеска од некои од против кандидатите кои не ја сфаќаат сериозноста на избирачкиот процес на СДСМ. Ова е избор за претседател во политичка партија која што го доживеа историски најголемиот неуспех на едни избори и мислам дека ако велиме дека сме ја научиле лекцијата и го слушаме гласот на и на членството  и на граѓаните продолжување на вакви избори по секоја цена, само го докажува спротивното“, додаде Петровска. 

Зошто комисијата, ги игнорирала нејзините укажувања, Петровска не сакаше да коментира.

Пред неколку дена јавни пораки си разменија и Депостовски и Филипче. Деспотовски обвини дека екс лидерот на СДСМ Зоран Заев го турка со сила изборот на Филипче, кој не е тајна дека му е близок пријател. На што Филипче возврати дека обидот да за негова дискредитација само ја слабее СДСМ и дека членовите ќе одлучат кој ќе ја предводи партијата.

Во општинските организации на партијата утре ќе се гласа од 8 до 20 часот. Право на глас имаат 23.373 членови во 77 избирачки места. За да се избере лидер на партијата потребно е еден од кандидатите да добие 50 отсто плус 1 од гласовите. Во спротивно ќе има втор круг меѓу двајца кандидати со најмногу гласови.

Оној што во партиската фотелја ќе го замени Димитар Ковачевски, сепак ќе има мандат само до март, бидејќи СДСМ не успеа да обезбеди кворум за одржување на Конгрес за менување на статутот.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Државното знаме на Македонија од врвот Кораб заменето со она на Албанија со шовинистички коментар на дебарскиот Тарзан

Дејан Дејан

Го пречекаа со зурли и тапани ама тој порача дека сега не е време за славење – Венко Филипче избран за нов претседател на СДСМ

Desk

Стигаат нови милиони за општините, но од каде ќе се крати Мицкоски не открива

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе