Вести Македонија

Ефективни, но не и премногу атрактивни – малите семејни бизниси се неодржливи без соодветна државна помош

Природата во шарпланинското подрачје нуди огромен потенцијал за нејзино одржливо користење. Дел од жителите знаат да го искористат во нивните мали семејни бизниси, но не како примарна дејност, затоа што од нив не може да се егзистира без поголема поддршка од државата.

Семејството Ристовски од тетовско Теарце во бавчите околу куќата одгледуваат градинарски производи од кои подготвуваат и зимници. Велат целта е да промовира дека она што е карактеристична дејност за подшарпланинските села, повеќе за традиционално пренесување на семејните вредности, одошто продажба за комерцијални цели.

„Би било прекрасно кога би можело оваа форма на организација да биде примарна дејност и да биде основен извор на егзистенција. За жал, условите не се дотолку поволни за да можеме да егзистираме исклучиво од ваков облик на функционирање и дејствување. Би рекла дека основно е поддршка за креирање на целокупната иницијатива за започнување на бизнис подвигот. И кога велам поддршка не мислам само на финансиска поддршка, туку мислам и на практична поддршка“, изјава Андријана Ристовска Мариниќ.

И пчеларството може да биде една од водечките гранки, но мора сериозно да се пристапи кон решавање на проблемите со прекумерната употреба на пестициди и климатските промени, кои резултираат со намалување на популацијата на инсекти, а со тоа и приносите на мед.

Тоа се причините поради кои не може секогаш да очекуваме бенефит, вели тетовецот Владимир Петровски, кој веќе 15-та година ја продолжува традицијата на пчеларење. За да може да опстои започнал со производство на козметика со пчелни продукти.

„Годините се променливи зошто зависиме од временските услови. За жал климатските промени си го прават своето. Пчелите, како дел од биодиверзитетот, се најподложни на нив и имаме проблеми. Има години кога ќе имаш, наредни пет години нема да имаш. За малите бизниси потребно е да имаш љубов, да го работаш со љубов, фидбек се добива пополека“, изјава Владимир Петровски.

Потрошувачите започнуваат да ги препознаваат еко производите, но сепак, голем дел се одлучуваат за тоа што е подостапно и поевтино.

„Брзиот начин на живот предизвика да биде инцидентно вкусувањето на производи со традиционален вистински домашен и автентичен квалитет, мислам е препознено иако не до таа мера до која што ние би сакале да биде“, додава Ристовска Мариниќ.

Сопствениците на малите семејни бизниси за промоција на нивните производи честопати учествуваат на домашни и меѓународни саеми и базар, кои, пак, претежно се организирани од невладини здруженија.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нека каже ВМРО-ДПМНЕ што за нив е национален интерес, ние сме подготвени да разговараме за сѐ, порача Филипче

Дејан Дејан

Филипче: Најсложената операција ќе биде реформа на менталитетот во СДСМ

Дејан Дејан

Филипче: Обвинувањата за нелегитимноста на процесот се некоректни и навреда за членовите на СДСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе