Вести Македонија Топ вести

Женски тандем на чело на Агенцијата за разузнавање, не е соопштено зошто е сменет директорот Еролд Муслиу

Габриела Јаковлева е назначена за нов директор на Агенцијата за разузнавање откако пред истек на мандатот е разрешен досегашниот директор Еролд Муслиу. Од кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова соопштија дека има смена и на позицијата заменик директор каде доаѓа Ивана Стојановска, а разрешена е досегашната заменичка Александра Бакреска Додовска.

Од кабинетот на Силјановска соопштуваат дека и двете назначени се професионален кадар со долгогодишен стаж и искуство во Агенцијата за разузнавање.

Според информации на Телма, новата директорка Јаковлева била дел од кабинетот на разрешениот Муслиу како помошник директор надлежна за меѓународна и меѓуинституционална соработка. Во времето на поранешниот директор Наќе Чулев била шеф на кабинетот, додека за време на двегодишниот мандат на Зоран Иванов била помошник директор за меѓународна соработка.

Заменичката Стојановска досега била на ракводна позиција во техничкиот сектор на Агенцијата за разузнавање.

Разрешениот Муслиу имаше мандат уште три години, а може да биде разрешен поради несовесно извршување на должноста или непочитување на закон. Во 2020-тата година ДКСК расправаше по анонимна претставка за Муслиу за нелегално потпишување на договор за вработување, но постапката беше прекината иако случајот беше нотиран и беше побарана реакција на надлежните.

Од кабинетот на Силјановска не соопштија зошто старата директорска двојка е разрешена.

Кадровски именувања на првата владина седница

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Како се случи 10.000 регистрирани членови да не го остварат правото на глас? – Деспотовски бара одговори од ЦИК за изборите во СДСМ

Дејан Дејан

Филипче: Нема да делам, туку ќе обединувам, сигурен сум дека СДСМ повторно ќе победува

Дејан Дејан

Венко Филипче, нов лидер на СДСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе