Вести Македонија Најважни

Во Албанија живеат само 2.281 Македонец, а 7.957 се изјасниле како Бугари – ИНСТАТ ги објави резултатите од пописот во Албанија

Според резултатите од пописот што денеска ги објави албанскиот институт за статистика ИНСТАТ, во Албанија живеат само 2.281 граѓани кои се изјасниле како Македонци. Пред 13 години, на последниот попис, биле регистрирани 5.512 Македонци и за овој период бројот на наши сонародници се намалил за 58,6%.

Во прегледот на ИНСТАТ ја пишува припадноста за сите етнички заедници, освен за Македонците. Кај нив за етничка приопадност стои северномакедонска, по името на државата, а не по националноста која е македонска без придавката од уставното име на државата.

Од друга страна, на пописот во 2023-та, Албанија го призна и изјаснувањето на Бугари како малцинство, по што како Бугари се изјасниле, речиси, четири пати повеќе граѓани од Македонци односно 7.957, според ИНСТАТ.

Пред и за време на пописот Бугарија и буграски организација засилено ширеа пропаганда и се обидуваа да влијаат врз жителите кои традиционално се изјаснуваат како Македонци. Резултатот од пописот покажува определен успех на таквата бугарска пропаганда, иако сега вкупната бројка на Македонци и Бугари во Албанија изнесува над 10.100 или двојно повеќе од претходниот број на изјаснети Македонци во 2011-та година. Тоа покажува дека пропагандата и делењето на бугарски државјанства (Бугарија е земја членка на ЕУ) вродила со плод и меѓу Албанци по национална припадност, како и другите заедници за да се изјаснат како Бугари со што добиваат и пасош на ЕУ држава.

Гледано одделно од вкупната бројка Македонци 1.136 се од машки, додека 1.145 од женски пол.

Од вкупно попишаните 2.402.113 милиони жители, 2.186.917 милиона се Албанци, 23.485 – Грци, 12.375 – Египќани, 9.813 – Роми, 2.963 – Бошњаци, 2.459 – Власи, 584 – Срби, 511 – Црногорци. Останатите се припадници на други етнички групи или одбиле да се изјаснат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Како се случи 10.000 регистрирани членови да не го остварат правото на глас? – Деспотовски бара одговори од ЦИК за изборите во СДСМ

Дејан Дејан

Филипче: Нема да делам, туку ќе обединувам, сигурен сум дека СДСМ повторно ќе победува

Дејан Дејан

Венко Филипче, нов лидер на СДСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе