Вести Македонија

Расте бројот на пациентки со ендометријален карцином

Расте бројот на новодијагностицирани пациентки со ендометријален карцином (рак на ендометриум на матката) во изминативе десет години. Во 2021 година вкупно во државата се дијагностицирани околу 254 пациентки.

„Имаме континуиран раст, ако 2012 биле детектирани околу 160 пациентки, сега збориме за над 254. Тој континуитет кој што е евидентен и во светски рамки, во Европа, постои и кај нас. Логично е зошто е тоа така. Ако земете предвид дека ендометријалниот карцином е доминантно болест на постарата возрасна група, пациентки кои се веќе во менопауза“, изјави проф. д-р Игор Алулоски, Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство. 

Во првата европска брошура наменета за пациентки со овој вид на карцином, сега и на македонски јазик се посочени најважните карактеристики: раната и навремена дијагностика , симптоматологијата, па се до самиот третман кои се исклучително важни. Самиот пристап треба да биде мултидисциплинарен.

„Долго време тие се третираат и на нашата клиника и на Клиниката за онкологија, меѓутоа и понатаму треба да знаат дека редовно и покрај сите третмани, треба да доаѓаат на контрола во првите пет години, поинтензивни контроли, на почетокот на три месеци на контрола треба да се доаѓа“, изјави проф. д-р Викторија Јовановска, директорка на Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство .

За среќа ендометријалниот карцином во најголем број случаи се дијагностицира во раните фази, во моменти кога голем дел од пациентките можат да дојдат до комплетно излекување.

„Спротивно на овие пациентки дијагностицирани во раните фази онаму каде што станува збор за локално напредната болест, третиот стадиум односно метастатска болест, веќе четврти стадиум перспективата за жал на овие пациентки е лоша односно едвај 20% доживуваат петгодишно преживување“, изјави проф. д-р Виолета Клисаровска од Универзитетската клиника за онкологија и радиотерапија.  

Важно е жените да внимаваат не само на возраста, туку и на обезноста, вели Мирјана Бабамова, потпретседателка на здружението „Фемина-М“ на која ѝ била дијагностицирана хиперплазија, што е формација пред условно да се јави ендометријален карцином.

„Со намалување на 16 кг. се намали ендометриумот од 13 на 8 мм. со тоа што треба уште многу килограми да изгубам за да стасам до тоа да немам ризик од ендометријален карцином“, изјави Мирјана Бабамова, потпретседателка на здружението „Фемина-М“ .

Во рамки на првата европска брошура за ендометријален карцином, се содржани сите клучни информации и за предупредувачките симптоми. Наменета е за жени со ендометријален карцином, базирана на најновите научни сознанија и добрата клиничка пракса.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Венко Филипче, нов лидер на СДСМ

Дејан Дејан

Поништено гласање во Студеничани, скршена кутија во Гевгелија – заврши гласањето за нов лидер на СДСМ

Дејан Дејан

Екстремната десница во водство, коалицијата на Макрон на трето место – први излезни анкети за изборите во Франција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе