Вести Најважни Свет

Плачко и губитник за Трамп, катастрофа за Бајден- претседателска дебата во САД

(ФОТО: принтскрин од дебатата на CNN) Го доби името историска дебата бидејќи во неа еден наспроти друг се најдоа двајцата кандидати кои ја извршувале највисоката функција во САД и сега во реприза се борат за нов мандат за претседател на Америка.

Доналд Трамп беше поуверлив, актуелниот претседател Џо Бајден не се снајде и поради начинот на зборување повторно ја отвори дилемата дали на 81-годишна возраст е способен за нов мандат во Белата куќа.

Дебатата почна со ладно однесување на двајцата, Бајден и Трамп воопшто не се поздравија на почетокот, за сите теми имаа спротивставени ставови, а и двајцата користеа лажни вести и дезинформации иако во тоа Трамп предничеше и според CNN употреби 40–тина неточни  и лажни тврдења додека Бајден најмалку 9.

На директно прашање дали се согласува со условите на Путин за завршување на војната во Украина, Трамп рече дека Путин одлучил да изврши инвазија откако видел како администрацијата на Бајден се справува со излегувањето на Америка од војната во Авганистан.

Потврди дека нема да ги прифати условите на Путин за завршување на војната и рече дека војната ќе биде „решена“ – без да навлегува во детали на кој начин.

Претседателот Бајден му одговори со тврдењето дека Владимир Путин е „воен злосторник“ кој нема да застане на Украина. Бајден истакна дека НАТО произведува „за Украина“ исто колку и САД и дека силата на Америка „лежи во нејзините сојузи“.

Бајден тврдеше дека го чистел нередот што го остави неговиот претходник, отфрлајќи ги обвинувањата на Трамп дека влијанието на Америка во светот опаѓа.

Го нападна Трамп за инфлација и вети дека ќе ја продолжи борбата против инфлацијата, за народот на САД конечно да здивне.

Економските планови на Трамп се намалувања на даноците за американците и зголемување на царините за увоз од Кина и Мексико. Трамп за економските резултати на Бајден му порача дека е катастрофа.

Во друга размена на ставови на дебатата, Бајден врати нарекувајќи го својот претходник “плачко и губитник”.

Дебатата траеше 90 минути, а спротивставени ставови имаа и за емиграцијата, војната во Газа и за абортусот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екстремната десница во водство, коалицијата на Макрон на трето место – први излезни анкети за изборите во Франција

Дејан Дејан

Пронајдено петгодишното момче од Србија кое беше исчезнато на плажа во Неа Флогита – крај на драмата во Грција

Дејан Дејан

(Видео) Мал авион удри во далекувод и се урна на автопат во Франција – три лица загинаа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе