Вести Македонија Најважни

Петровска бара во недела да нема избори за претседател на СДСМ

На два дена пред изборот на претседател на СДСМ, кандидатката Славјанка Петровска бара стопирање на процесот. Очекува останатите тројца против кандидати Деспотовски, Филипче и Бајдевски да ја поддржат и во недела да нема избори поради сомнежот дека нема да бидат фер и нема да донесат ништо добро за партијата. Добила поплаки дека дел од регистрираните гласачи, иако не побарале некој друг во нивно име ги регистрирал, а незадовона е и од нерасчистениот скандал со злоупотреба на лични податоци на гласачите од страна на еден од кандидатите.

„Бидејќи СДСМ ни е премногу важен за да го ставиме пред чии било лични интереси, ги повикувам противкандидатите в недела да не се одржат изборите и да се договориме да избереме времено раководство кое ќе спроведе фер и демократски избори кога ќе се создадат услови за тоа. Јас ќе се најдам на избирачкото ливче, бидејќи се веќе отпечатени материјалите, меѓутоа јас лично нема да излезам да гласам и се разбира мислам дека тоа треба да го направат и останатите“, изјави Славјанка Петровска.

Од централната изборна комисија во СДСМ, пак, се децидни дека постапката за избор на партиски претседател продолжува, а изборниот процес досега го оценија како легитимен демократски спроведен во најдобар ред.

Јован Деспотовски останува во изборната трка, потврди во изјава за Телма. Вели дека лично се уште не ги слушнал аргументите за нерегуларности кои ги посочува Петровска. Клучно за него е центрланата изборна комисија да доволи сите ченови да може да гласаат во недела.

Другите двајца кандидати досега не се произнесоа за предлогот на Петровска.

Филипче вчера пред членовите во Крушево и во Битола кампањата ја оцени како фер и демократска и очекува во недела да се заокружи овој процес со легитимен избор на новиот претседател. Филипче се осврнал и на обединувањето како предуслов за успешно закрепнување на СДСМ и спречување на натамошни поделби.

Во недела право на глас имаат 23.373 членови на СДСМ кои се најдоа на избирачки список на 77 избирачки места. За да има избран претседател во недела треба кандидатот да добие 50 отсто плус 1 од гласовите во спротивно ќе има втор круг меѓу двајца кандидати. Ова е третпат да се применува овој модел на гласање, а пријавени се најмалку членови.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Венко Филипче, нов лидер на СДСМ

Дејан Дејан

Поништено гласање во Студеничани, скршена кутија во Гевгелија – заврши гласањето за нов лидер на СДСМ

Дејан Дејан

Екстремната десница во водство, коалицијата на Макрон на трето место – први излезни анкети за изборите во Франција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе