Вести Македонија

Нови пријави за штети по вчерашното невреме, телефонот на ЦУК со рекордни 2.778 повици

Паднати и навалени дрвја, скршени гранки и многу други проблеми со електрични, интернет и телефонски кабли, се само дел од штетите по вчерашното невреме. Од Центарот за управување со кризи велат дека во изминатото деноноќие добиле рекорден број повици, речиси 2.800, а најмногу од нив биле поради невремето. Најчестите пријави биле за поплавени подрумски простории и гаражи, поплавени и блокирани улици, оштетени покриви, скршени стакла и откачени лимови и олуци од куќи и згради.

„Немаме информации за повредени или жртви. Имавме спасувачка акција од невремето. Возач беше заглавен во камион на автопат, буквално гранки и дрвја паднати од силното невреме коишто направиле и бариера од наноси каде што заглави камионот. За среќа возачот, иако заглавен во автомобилот чекаше, а доцна синоќа после 22 часот го извлекоа безбедно“, вели Илија Бојаровски, Центар за управување со кризи.

Најголем дел од пријавите биле од општините Ѓорче Петров, Бутел, Шуто Оризари и Гази Баба. Додека правевме обиколка на тие локации забележавме дека се санираат штетите од невремето. На терен беа и екипи кои ги санираа скинатите кабли.

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да ги пријавуваат сите животозагрозувачки ситуации на бројот за итни случаи 112.

Од УХМР и денеска за Скопје повторно најавуваат променливо облачно со пороен дожд и грмежи. За време на викендот и во понеделник ќе биде стабилно, а од вторник повторно се очекуваат нестабилни временски прилики.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Силно невреме: Се сруши Кран во Белград

Дејан Дејан

ОЈО бара притвор за лицето осомничено за подметнување на пожарот во Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Два огнени крака, еден кон Николиќ, другиот кон Ѓопчеле – силен ветар го разгоре пожарот во дојранско

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе