Вести Македонија

Ме разреши без да се сретнеме на брифинг, попушти пред партиски притисоци наместо да работи по законска оправданост и мерит систем како што говореше, сментиот директор на Разузнавање за потегот на Силјановска

-Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова денеска ме разреши од функцијата директор на Агенцијата за разузнавање. Без да навлегувам во политичката логика и автономија при одлучувањето за моето разрешување, очигледно е дека претседателката попушти пред партиските притисоци. Законската оправданост и мерит системот за кој цело време зборува претседателката, за жал во случајот со моето разрешување , отсуствуваат, вели во своето јавно обраќање, досегашниот директор на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, кој денеска во петок доцна попладне е разрешен од претседателката Силјановска, на три години пред истекот на мандатот.

Муслиу вели дека посебно е разочаран од постапката и начинот на разрешување затоа што повеќе од месец и половина не одржала средба со неа за информативен брифинг.

-Не покажувајќи доблест да се сретнеме на прва информативна средба на која би добила брифинг за природата на работата на Агенцијата и за безбедносното опкружување и актуелната состојба во регионот. Со гордост и посебна чест ја раководев Агенцијата во изминатиот период во кој вложив надчовечки напори да го подигнам нивото на квалитетна работа и да го пренесам професионалното искуство и знаење стекнато во мојата 31 годишна кариера, стои во реакцијата на Муслиу.

Според него, „честа е уште поголема и заради фактот што Муслиу потенцира, е првиот албанец во историјата на безбедносно-разузнавачката заедница во нашата држава на кого во 2019. година му беше доверена задача да ја предводи АР.“

-Иако цело време бев изложен на гнасна дезинформациска кампања која доби размери на политички линч кој остави и последици врз моето семејство, сепак, разбивајќи ги табуата во нашето општество, докажав дека Албанец , притоа и без партиска припадност , може да постигне високо ниво, да биде прифатен и почитуван во колективот, во национални и меѓународни рамки, истакнува Муслиу кој тврди дека е пионер во идејата за највисоко ниво на родова застапеност и еднаквост како и на раководно ниво во АР, како и во делот на етничка рамноправност давајќи простор на сите од етничките заедници застапени во нашето општество да бидат дел од АР.

-Под мое лидерство го подигнавме нивото и ги надградуваме нашите технички капацитети во процесот на дигитализација , информатичка и кибер безбедност. Постигнавме фантастични достигнувања во стратешките зафаќања и оперативно-разузнавачките активности кои АР ги реализираше самостојно, како и на билатерално и на сојузничко ниво, вели тој во реакцијата за својата смена.

Муслиу искажа и огромна благодарност до целиот колектив во АР што во изминатиот, навистина динамичен и полн со предизвици , период му дал безрезервна подршка во тешките зафаќања кои мораше да ги превземе агенцијата, особено во периодот на ковид пандемијата, реформата на АР, активностите со отпочнувањето на Руската агресија на Украина, конфликтот во Газа и регионалната нестабилност во соседството.

-На крај, на новата директорка на АР и посакувам успех во раководењето со Агенцијата, на останатите колеги им посакувам да бидат фокусирани на исполнување на визијата и мисијата на АР , да ја чуваат и бранат РСМ, не затоа што е голема или мала, туку затоа што таа е НАША!, вели Муслиу.

Во соопштението на кабинетот на претседателката на Република Северна Македонија нема објаснување за разрешувањето. Силјановска за нов директор на АР ја назначи Габриела Јаковлева, досегашна помошник-директорка за меѓународна и меѓуинституционална соработка.

Кадровски именувања на првата владина седница

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Како се случи 10.000 регистрирани членови да не го остварат правото на глас? – Деспотовски бара одговори од ЦИК за изборите во СДСМ

Дејан Дејан

Филипче: Нема да делам, туку ќе обединувам, сигурен сум дека СДСМ повторно ќе победува

Дејан Дејан

Венко Филипче, нов лидер на СДСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе