Вести Македонија

Игор Јанушев именуван за Генерален секретар на Владата, Владимир Нелоски за шеф на Канцеларијата на премиерот

Владата на денешната прва седница го именува Игор Јанушев за Генерален секретар на Владата, за шеф на Канцеларијата на премиерот е назначен Владимир Нелоски, а негов заменик Саше Павлоски, додека Ивица Томовски е назначен за директор на Службата за општи и заеднички работи.

Јанушев, како што информираат од владината прес-служба, е дипломиран правник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје. Неговото претходно искуство вклучува работа како пратеник во Собранието, директор на ЈСП „Скопје” и раководител на Секторите за воздухопловство и за општи работи при Министерството за транспорт и врски. Како пратеник, Јанушев беше шеф на делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ и претседател на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.

Владимир Нелоски, се вели во владиното соопштение, има завршено на Економскиот факултет, воедно е магистер на Правниот факултет „Јустинијан први” од областа на корпоративното право. Тој е советник во Град Скопје. Бил претходно вработен во Агенцијата за електронски комуникации и има богато искуство во менаџирање со процеси и човечки ресурси.

Саше Павлоски завршил на Економскиот Факултет при УКИМ. Тој има повеќегодишно работно искуство во Владата на Република Северна Македонија и искуство од менаџерско работење и делување. Бил и член на Надзорен одбор на МЕПСО и претседател на Управниот одбор на Национален парк „Маврово”.

Ивица Томовски е назначен за директор на Службата за општи и заеднички работи. Тој има магистратура по менаџмент на човечки ресурси и долгогодишно професионално искуство во деловното работење, консалтинг услуги и менаџирање во приватниот сектор. Томовски е поранешен управител на ЕЛЕМ Турс и има стекнато обуки на повеќе интернационални школи за менаџмент на човечки ресурси.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Како се случи 10.000 регистрирани членови да не го остварат правото на глас? – Деспотовски бара одговори од ЦИК за изборите во СДСМ

Дејан Дејан

Филипче: Нема да делам, туку ќе обединувам, сигурен сум дека СДСМ повторно ќе победува

Дејан Дејан

Венко Филипче, нов лидер на СДСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе