Вести Македонија

ДЗР ги објави ревизорските извештаи за Министерство за транспорт и врски

Министерството за транспорт и врски има идејни решенија и физибилити студија за хотел Градска куќа, Мал ринг и ГТЦ во Скопје, на што се потрошени околу 200.000 евра, но не е обезбедена документација, ниту, пак, има сознанија дали истите се применети за реализација на проекти. Ова го констатираа државните ревизори во објавените ревизорски извештаи за ова Министерството.  Ревизорите, меѓудругото, утврдиле и дека Министерството има изградено, патишта, улици, водоводи и канализации, потоа изработени проекти за плажи, туристички зони и други објекти кои со години се во употреба во Охрид, Преспа и Дојран, но не е извршено примопредавање на општините.

„Одговорното лице на МТВ да преземе мерки и активности за да се изврши примопредавање на целокупната документација – по градби на општините и воведување во деловните книги на општините“, е препораката на ДЗР.

Како најголеми системски слабости во работата на МТВ, ревизорите констатирале дека, иако Владата ги субвенционирала Железници Транспорт за превоз на патници, за враќање на долгови кон добавувачи и плати за вработени за 2022 година, ова акционерско друштво прикажало најголеми трошоци, а има и помалку издвоени средства од предвиденото законско право за железничка инфраструктура.

„Ревизијата обрнува внимание на неопходноста да се направат детални анализи и проценка за утврдување на причините за состојбите – зголемување на трошоците во патниот сообраќај и целокупното работење на Железници Транспорт, со цел преземање мерки и донесување на организациски и финансиски и други одлуки за истите“, пишува во извештајот на ДЗР.

И покрај ова, ревизорите утврдиле дека финансиските извештаи се прикажани вистинито и објективно, во сите материјални аспекти заклучно со 31 декември 2022 година.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Како се случи 10.000 регистрирани членови да не го остварат правото на глас? – Деспотовски бара одговори од ЦИК за изборите во СДСМ

Дејан Дејан

Филипче: Нема да делам, туку ќе обединувам, сигурен сум дека СДСМ повторно ќе победува

Дејан Дејан

Венко Филипче, нов лидер на СДСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе