Вести Македонија

Александар Јанев нов директор на Бирото за јавна безбедност

Нов директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) е Александар Јанев кој ја презема функцијата од досегашниот директор Сашо Тасевски.

За кадровските решенија во одредени институции, како што најавија од Владата, треба да се расправа на денешната прва владина седница, но досега сè уште нема информација.

Потврда за назначувањето на новиот директор има на веб страната на Министерството за внатрешни работи во делот БЈБ, каде е ставена биографијата на новиот директор.

Според објавеното, Јанев доаѓа од позицијата раководител во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, а од 2018 до 2024 година работел како раководител во Одделот за општи и заеднички работи во МВР.

Има завршено средно полициско образование, Правен факултет во Скопје, а оваа година станал магистер по менаџмент на човечки ресурси.

За државен секретар во Министерството за внатрешни работи е именуван Сашо Петрушевски. Тој е доскорешен директор на Јавно претпријатие во Општина Куманово. Тој е добитник на Ноемвриска награда на Град Куманово, како и добитник на награда за најдобро работење на ЈП „Куманово Паркинг” – Куманово од Агенција „Company Wall“ Macedonia за најдобар бонитет А. Поседува повеќе сертификати и обуки за менаџирање со човечки ресурси и комуникациски техники.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче: Нема да делам, туку ќе обединувам, сигурен сум дека СДСМ повторно ќе победува

Дејан Дејан

Венко Филипче, нов лидер на СДСМ

Дејан Дејан

Поништено гласање во Студеничани, скршена кутија во Гевгелија – заврши гласањето за нов лидер на СДСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе