Вести Свет

Во Пакистан неколку стотици луѓе починаа од топлотен удар

Стотици луѓе починаа во јужен Пакистан под влијание на многу високи температури, кои не стивнуваат со денови, соопштија властите.

Во текот на претходните шест дена амбулантни возила собраа 568 тела во Карачи, а само во вторникот 141. Вообичаено е мртовечниците да примаат од 30 до 40 тела во еден ден.

Зголемувањето на бројот на смртни случаи следеше кога температурата во Карачи се искачи над 40 степени, со висока влажност. Според извештаите, максималната измерена температура достигна и до 49 степени.

– Граѓанската болница во Карачи прими 267 лица со топлотен удар во периодот од неделата до средата, изјави д-р Имран Сарвар Шеик, шеф на одделот за итни случаи.

„Повеќето од луѓето кои дојдоа во болница беа во 60-тите или 70-тите години, а имаше и помлади од 45 години, па дури и неколку во своите дваесетти“, рече Шеик.

Симптомите на топлотен удар вклучуваат повраќање, дијареа и висока температура.

„Многу од луѓето што ги примивме работеле на отворено. Им рековме да пијат многу вода и да носат лесна облека на овие високи температури“, додаде докторот.

Високата температура, опишана од еден метеоролог како „делумен топлотен бран“, го зафати Пакистан минатиот викенд. Отворени се центри и кампови каде граѓаните можат да се освежат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Не сум видовит, но пожари ќе има и во годините што доаѓаат, апел до граѓаните да ги исчистат сопствените дворови

Дејан Дејан

Ангелов: Ниту една куќа не е изгорена во пожарот во Чучер Сандево, градоначалникот да научи да прави разлика што е куќа, а што викендичка

Дејан Дејан

Ангелов: Пожарот во Чучер Сандево е целосно ставен под контрола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе