Вести Свет

Русија ги гаѓаше украинските аеродроми, Зеленски отпатува во Брисел

Украинските аеродроми на кои вооружениете сили на Украина сакаат да ги стационираат западните авиони беа мета на руската војска, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Исто така, руската противвоздушна одбрана собори два авиона на украинско воено воздухопловство, 62 беспилотни летала, четири противвоздушни наведувани ракети „патриот“ и две ракети ХИМАРС“, се наведува во соопштението на министерството за одбрана на Русија.

Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски допатува во Брисел, каде ќе присуствува на состанокот на Европскиот совет и на потпишување на три безбедносни договори.

„Украина во изминатите денови започна вистински преговори за членство во ЕУ. Денеска сум во Брисел да изразам благодарност до европските лидери за единството и што ја потврдија неизбежноста на нашиот европски пат“, изјави Зеленски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Десничарска група поврзана со Ле Пен под истрага на Европското јавно обвинителство

Дејан Дејан

Нетанјаху за Палестинците во Газа – може да останат а може и да си одат

Дејан Дејан

Телма во Чучер Сандево: Со пожарникарите и жителите ги бранат куќите и манастирите од пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе