Вести Македонија Најважни

Левица му поднесе кривична пријава на Гаши за неодземање на мандатот на Џафери

Кривична пријава за претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, за несовесно работење во службата, поднесоа денеска пратениците од партијата Левица. Тие го товарат Гаши дека дозволил Талат Џафери истовремено да извршува две неспојливи функции во државата – да биде пратеник и истовремено да ја извршува функцијата технички премиер, односно дека не постапил и не му го одзел партеничкиот мандат на Џафери откако тој, откако стана пратеник, не се повлече од премиерската функција.

Крвичната против Гаши е поднесена за несовесно работење во службата, по Член 353- в од Кривичниот законик со кој е предвидена затворска казна до три години. Овој член во алинеа 1 предвидува затворска казна од три месеци до три години за секој кој несовесно постапува во службата, додека алинеа 4 предвидува затворска казна од шест месеци до три години и парична казна.

„Службено лице или одговорно лице во орган на државна управа или друго правно лице кое со повреда на законските прописи за спроведување на управна постапка, со пропуштање на должен надзор или на друг начин несовесно постапува во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години и со парична казна“.

Според пратениците од Левица, Гаши согласно одредби од дури четири важечки закони и од Деловникот на Собранието, бил должен да ја констатира состојбата на судир на интереси и кумулација на функции кај Џафери и да го дополни Дневниот ред на првата наредна собраниска пленарна седница. Гаши, како што стои во известувањето од Левица за поднесената кривична пријава, не го сторил тоа иако му била изрична обврска, и покрај поднесеното писмено барање од страна на пратеничката група на Левица и јавните укажувања на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Левица на почетокот од јуни поднесе официјално барање за констатирање престанок на мандатот на пратеникот Џафери од ДУИ – по основ на неспојливост на функцијата пратеник и премиер, со укажување дека новиот собраниски спикер е должен, кога ќе настапат законските услови за престанок на мандатот на пратеник, тоа да го констатира на првата наредна собраниска седница, како изрична законска одредба од Уставот. Левица поднесе и претставка до ДКСК со цел иницирање прекршочна постапка и изрекување парична глоба против Џафери.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Северномакедонци се сменети со Македонци – Албанија ја корегира грешката во пописните резултати

Дејан Дејан

Зеленски: Украина изгуби 80 отсто од капацитетот на термоелектраните и една третина од хидроелектраните

Дејан Дејан

Ја променил верата, од Милош станал Салахудин и се преселил во Нови Пазар – познат идентитетот на напаѓачот на полицаец пред амбасадата на Израел во Белград

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе