Вести Свет

Двајца радикални конзервативни кандидати се повлекоа од претседателската трка во Иран

Двајца радикални конзервативни кандидати соопштија дека се повлекуваат од претседателската трка во Иран, со цел да ја обединат поддршката меѓу конзервативните гласачи пред утрешното гласање за наследник на Ебрахим Раиси, кој загина минатиот месец.

Градоначалникот на Техеран, Алиреза Закаани, денеска го најави своето повлекување, еден ден по објавата на Твитер од страна на архиконзервативниот политичар Амирхосеин Газизаде Хашеми дека повеќе нема да биде кандидат за претседател.

Ова остава четворица кандидати во трката за наследник на Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа во мај. Изборната кампања формално заврши денеска изутрина.

Газизаде Хашеми беше еден од потпретседателите на Раиси и е претседател на Фондацијата за маченици и ветерани. Тој припаѓа на Фронтот за стабилност на Исламската револуција, политичка фракција лојална на конзервативното раководство на Исламската Република.

Вчера тој ги повика другите кандидати со слични политички ставови да се повлечат од трката, за поддршката да се насочи кон еден конзервативен кандидат.

Околу 61 милион гласачи се повикани да изберат наследник на Раиси. Советот на чуварите, исклучително конзервативно надзорно тело, одобри само шест кандидати за изборите.

Во конзервативниот камп се води борба за моќ меѓу Саид Џалили, поранешен преговарач во меѓународните нуклеарни разговори, и претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф.

Поранешниот министер за здравство Масуд Пезешкиан е единствениот умерен кандидат кој се смета дека има шанси за претседателската позиција.

Закаани ги повика Галибаф и Џалили да ги остават настрана своите разлики за да се спречи можноста за формирање на умерена влада.

Покрај тројцата кандидати, во трката останува и свештеникот Мостафа Пурмохамади

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Северномакедонци се сменети со Македонци – Албанија ја корегира грешката во пописните резултати

Дејан Дејан

Зеленски: Украина изгуби 80 отсто од капацитетот на термоелектраните и една третина од хидроелектраните

Дејан Дејан

Ја променил верата, од Милош станал Салахудин и се преселил во Нови Пазар – познат идентитетот на напаѓачот на полицаец пред амбасадата на Израел во Белград

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе