Вести Македонија

Битиќи: Во овој момент сѐ уште сум оптимист дека партијата ќе се врати таму каде што заслужува да биде

Поранешниот потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи, кој прв поднесе оставка од партиската функција по поразот на изборите, рече дека е умерен оптимист дека партијата може да се врати таму каде што заслужува да биде. Во вечерашното издание на Вин Вин на Телма изрази оптимизам и дека ќе се најдат доволно луѓе кои повторно ќе ја издигнат партијата.

Јас сум сѐ уште до одредена мерка некој оптимист, затоа што веројатно не го ставам мојот личен интерес пред партискиот и државниот интерес, затоа што сум одлучил едноставно да влезам во оваа битка иако ми било многу полесно надвор од политиката. И бидејќи не го ставам својот интерес туку партискиот интерес во овој момент сѐ уште сум оптимист дека ќе се изнајдат доволно луѓе за да сѐ што се правеше, затоа што сега дури сме во опозиција е малку полесно, сѐ што се правеше погрешно да го искористиме за да полека партијата ја вратиме таму каде што треба да биде, рече Битиќи.

СДСМ не ги изгуби изборите поради неопределените гласачи туку поради одлуката за апстиненција на нејзините сопствени симпатизери, а како една од причините според Битиќи е тоа што СДСМ се изгубила постојано зборувајќи за ЕУ.

Тие гласачи очекуваат јасен став и конзистентен став, дури тоа што го слушам деновиве дека не било до иедологија и до вредности и јас тврдам дека гласачите на СДСМ и коалицијата „За европска иднина“ се гласачи коишто сакаат да знаат конзистентно секоја една политика дали е вредносно ориентирана и која е додадената вредност од тоа што го правите. Бидејќи ние по се изгледа во мноштвото, затоа што овде не се важни луѓето, се гледа целокупно начинот како владеете, се изгубивме. Јас дури во едно интервју кажав дека ние толку многу почнавме да зборуваме за европски вредности, за европско однесување, за ЕУ ама со балкански манири. Епа со балкански манири нема европско однесување и нашите гласачи од левиот центар тоа ќе го казнат, и тоа беше една од работите што еве го видовме, рече Битиќи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Северномакедонци се сменети со Македонци – Албанија ја корегира грешката во пописните резултати

Дејан Дејан

Зеленски: Украина изгуби 80 отсто од капацитетот на термоелектраните и една третина од хидроелектраните

Дејан Дејан

Ја променил верата, од Милош станал Салахудин и се преселил во Нови Пазар – познат идентитетот на напаѓачот на полицаец пред амбасадата на Израел во Белград

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе