Вести Македонија

Битиќи: Веќе е поминато времето да зборуваме за колективна одговорност

По изборот на новиот претседател и тоа што сите ќе го бараат од новото раководство е веќе да не зборуваме за зборуваме за колективна одговорност, рече Битиќи.

Си има име и презиме и зошто е сѐ направено и дали тоа не било одлуката, на пример една од работите што ја слушам скоро секој ден во овие два месеци од членството дека СДСМ не била и не може да биде „султан партија“ а тоа е претседателот да одлучува за сѐ. Еве на пример начинот на поставување на претседатели на општински организации не може да биде од горе затоа што луѓето сакаат да бидат слушнати, рече Битиќи.

Не се согласува дека партијата прави драма од изборот на новиот партиски претседател. Посочи дека во моментот се статутарно органичени и таков е системот на избор на претседател.

Ние констатираме дека во овој момент можеме да дебатираме, дискутираме, можеме да оставиме летаргичноста да продолжи, итн и да не носиме одлуки. Одлуката беше да одиме со избор на претседател, претседателот ќе има мандат од 9 месеци колку што е статутарно. Во овој меѓу простор сметам дека суштински ќе треба да се занимава со внатрешна реорганизација на партијата, со креирање на нов статут, со враќање на членството во партијата, за да си се постави онака како што мноштвото наши членови и граѓаните сакаат СДСМ да го видат, рече Битиќи.

Сепак, призна дека не верува оти тоа може брзо да се направи, посочувајќи дека понекогаш е подобро некои процеси да не се брзаат туку да бидат сигурни и да бидат ставени на здрава основа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Северномакедонци се сменети со Македонци – Албанија ја корегира грешката во пописните резултати

Дејан Дејан

Зеленски: Украина изгуби 80 отсто од капацитетот на термоелектраните и една третина од хидроелектраните

Дејан Дејан

Ја променил верата, од Милош станал Салахудин и се преселил во Нови Пазар – познат идентитетот на напаѓачот на полицаец пред амбасадата на Израел во Белград

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе