Вести Македонија Топ вести

Трагедија избегната „за влакно“, а сѐ уште никој не го санира железничкиот мост – зјае без ограда, додека се лоцираат надлежностите

Пругата на виделина и ограда само од едната страна. Железничкиот мост во Автокоманда сега чека на институциите да ја санираат штетата предизвикана од неделното невреме.

Теренско возило прво беше на удар кога се урна оградата, возачот Ѓорѓиевски за Телма зборуваше за траумите и најави дека ќе бара правдина на суд откако дождот и силниот ветер викендов го однесоа железото и рекламните паноа од целата страна на мостот.

Но, дилемите останаа да „висат“ – кој е надлежен и кој можел да спречи да се случи немил настан или уште поголема трагедија.

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, открива дека и пред половина година било јасно дека треба да се санира железничкиот мост.

„Јас во текот на вчерашниот ден се информирав за надлежностите кои ги има Општина Гази Баба и ЈП Македонски Железници – Инфраструктура. Од нивна страна страна добив одговор дека нивни стручни лица во неколку наврати во изминатиот период направиле увид и имаат констатирано на Записник дека тој Железнички мост треба да се санира. Жалам што во изминатиот период не презеле ништо, па еве преку вашата телевизија апелирам ЈП МЖ – Инфраструктура навистина да си ги провери и соодветно да си ги санира сите свои железнички мостови бидејќи тие согласно Закон имаат заштитен коридор и таму исклучива надлежност има Македонски Железници“, вели во изјава за Телма градоначалникот на о. Гази Баба, Бобан Стефковски.

Телма побара одговори од Железници, зошто не се санирал мостот и зошто се дозволи оградата да се урне при посилно невреме?! Засега, нема одговор оттаму иако најавија дека ќе се произнесат.

Извори од Центарот за управување со кризи вчера за Телма брифираа дека ингеренциите околу мостот-надвозник во Автокоманда, чијашто ограда се урна при неврмето во Скопје пред три дена, во случајов се испреплетени и неофицијално наведоа неколку институции.

Македонски Железници се споменати како носители на пругата, а дилемата околу рекламните паноа на оградата од мостот е – кој издал дозвола за нивно поставување, или пак дали некој на диво го сторил тоа.

Од Град Скопје велат дека надлежноста треба да се бара на адреса на Железници – Инфраструктура.

„Железничкиот мост е во сопственост и надлежност на државното претпријатие АД Железници на Македонија. Доколку легално дозволиле поставување на паноа на нивниот инфраструктурен објект, за истите сигурно поседуваат соодветно склучени договори“, се вели во писмениот одговор од страна на Град Скопје.

Во неделата и на други места имаше штети, паднаа дрвја, се поплавија домови и дел од патната инфраструктура.  

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе