Вести Свет Топ вести

Руте денеска се очекува да биде назначен за шеф на НАТО

По 14-годишен мандат и владеење дома, холандскиот премиер Марк Руте денеска се очекува и официјално да биде назначен на  челната позиција на НАТО Алијансата, на местото на Јенс Столтенберг.

Патот за Руте беше отворен минатата недела по повлекувањето на кандидатурата на романскиот претседател Клаус Јоханис.

Функцијата Генерален секретар на НАТО се очекува да ја преземе на 1-ви октомври.

Руте ќе го води западниот воен пакт во свет полн со политичка неизвесност од двете страни на Атлантикот и конфликтот во Украина.

Tој би можел да се соочи со нов претседателски мандат на Доналд Трамп ако критичарот на НАТО се врати во Белата куќа по изборите во ноември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прва смена меѓу кадрите на претседателот – Силјановска го разреши Муслиу, директорот на Разузнавање тврди дека тргнала партиски, а не законски

Дејан Дејан

Секаде каде што мора, ќе го почитуваме уставното име, но никој не може да ви забрани да ја нарекувате државата како што сте учеле – Димитриевски во „Топ тема“

Дејан Дејан

Ме разреши без да се сретнеме на брифинг, попушти пред партиски притисоци наместо да работи по законска оправданост и мерит систем како што говореше, сментиот директор на Разузнавање за потегот на Силјановска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе