Поројните дождови и високите плимни бранови оставија делови од источниот брег на Нов Зеланд под вода и ги принудија жителите на евакуација.
Властите во окрузите Хоукс Беј и Таиравити формираа кризни штабови и издадоа предупредување за поплави и наредба за евакуација на луѓето во погодените области.
Цивилната одбрана во Тајравити на Фејсбук соопшти дека иако врнежите се намалени, тие сè уште не престануваат и се предвидува дека ќе продолжат до петок навечер.
„Екипите ја истражуваат целата област проценувајќи ја штетата на патната инфраструктура, ги проверуваат нивоата на реките и мостовите, затоа бараме трпение и разбирање додека ја вршат својата работа“, се вели во објавата.
Заливот Хок и Тајравити беа тешко погодени од поплавите на почетокот на минатата година предизвикани од минувањето на циклонот Габриел во тоа време.