Вести Економија Свет

ЕУ го поддржува планот вреден повеќе милијарди долари за да им помогне на градовите да постигнат нула емисии на јаглерод до 2030 година

Групата од 112 градови кои имаат за цел да ги елиминираат своите нето емисии на стакленички гасови до 2030 година ќе имаат потреба од вкупно 650 милијарди евра (695,83 милијарди долари) инвестиции за да ја исполнат својата цел, соопшти Европската унија.

Дел од мисијата на ЕУ „100 климатски неутрални и паметни градови“ е поамбициозна од повеќето влади. Земјите-членки на блокот и Британија си поставија краен рок до 2050 година да станат климатски неутрални.

Откако 377 градови се пријавија да се приклучат на програмата, беа избрани 100 од ЕУ и 12 од придружните земји за да развијат климатски план со поддршка на ЕУ и непрофитната консултантска куќа „Банкери без граници“ (BwB) која поддржува проекти кои имаат корист за животната средина.

До денес, 33 градови ги потпишаа своите планови, вклучувајќи ги Лион, Севилја, Малме, Лисабон и Фиренца.

-Историски гледано, градовите не биле значајни партнери за приватниот сектор, но напредокот може да биде многу побрз доколку приватниот капитал е поактивен“, вели Алисон Лоб, извршен директор на Банкари без граници/

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе