Вести Свет

ЕК: Бугарија се уште не ги исполнува условите за влез во еврозоната

Бугарија не ги исполнува целите за ценовната стабилност туку само три од критериумите од Мастрихт за влез во еврозоната, се наведува во извештајот на Европската комисија претставен денеска.

-Бугарија се уште не ги исполнува условите за воведување на заедничката валута, се забележува во оценката.

Се смета дека Софија речиси целосно го усогласила своето законодавство со правилата на еврозоната, вклучително и во однос на буџетот, девизниот курс на левот и долгорочните каматни стапки.

Извештајот ја испитува подготвеноста на уште пет земји кои имаат законска обврска да влезат во еврозоната – Чешка, Унгарија, Полска, Романија и Шведска.

Од Комисијата прецизираат дека ниту една од споменатите земји не е подготвена за воведување на еврото.

Во соопштението на ЕК се цитираат податоци од јавна анкета од минатиот месец, според кои 49 отсто од Бугарите поддржуваат влез во еврозоната, 71 отсто очекуваат тоа да се случи во следните пет години, 64 отсто предвидуваат дека воведувањето на еврото ќе доведе до раст на цените, а 44 отсто очекуваат позитивно влијание од отстранувањето на левот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе