За мене е клучно што повторно се враќаме на шини и она што беше кажано за време на изборите и во овој период, ќе покаже „акта, но верба“ (дела, а не зборови). Видовме дека зборовите во Македонија не значат многу, но делата си остануваат. Оние дела кои што се добри, траат, го надминуваат и човечкиот век. Оние дела кои нанеле зло или ја вратиле Македонија назад, исто така си имаат свое значење, изјави Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашмата дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.
„Она што беше ветено од премиерот Мицкоски, очекувам дека ќе се придржува. Јас од самиот почеток работам со него и добро го познавам по карактер. Тој е човек кој кога ветува, исполнува. Тешко ветува и тешко може да го убедите за нешто, ако не е сигурен во тоа што го прави. И ќе биде многу поразличен од сето она што сме се научиле да го гледаме досега од еден премиер на Влада“, вели Василевска.