Вести Македонија Топ вести

Ќе беше несериозно од Мицкоски, по седум години борба за власт, да се лизнеме на тривијална тема – Василевска во „Топ тема“ за „Северна“

Огромен број на македонски граѓани кои се против придавката во уставното име, бараа чаре да извадат пасош, да сменат лична карта или возачка дозвола. Затоа што, без оглед на се што се случи и како се случи, без оглед на нашето чувство, без оглед на нашето негодување, рече Иванка Василевска, претаничка на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната „Топ тема“, како образложение за пресвртот што се случи и изговарање на придавката „Северна“ во уставното име на премиерот Христијан Мицкоски при свечената заклетва за избор на новата влада.

„Не е така црно-бело. Комплексно е. Затоа упатувам на пасошите. Значи упатувам на тоа, грашаните кои што беа изрично против придавката на уставното име, беа меѓу првите кои што инсистираа да извадат пасош, бидејчи тоа е нивно човечко и граѓанско право, бидејќи не можеа да излезат од сопствената држава, беа заробени во сопствената држава. Тоа е она хибридно што ни се случи со лошите политики на Зоран Заев. Ќе упатам и во пресрет на гласањето на владата вчера, на „То Вима“, познат грчки весник, на насловна страница излезе наслов Зоран Заев: Мицотакис прави се како што треба еден добар сосед“. Значи уште неизгласана владата, тој поч нува да ровари. Политиката на правење раздор во општеството и злоупотребувањето на чувствата на граѓаните за да се пролонгира евроинтеграцискиот процес, им користи на такви какои сега споменатиот лик. Во друга ситуацвија не би можел да го прави тоа што го прави, не би имал толкаво лично богатство и не би ги злоупотребил ресурсите на државата и другите аспекти“, смета Василевска.

Она со кое морале да се соочат, по соочувањето на избори и изборниот резултат, додаде Василевска, било што може да се направи во врска со тоа прашање.

„Реалноста е таа. Не може, ако уставот вели дека ова е Устав на Република Северна Македонија, вие да изведувате и да речете ова е вашата или нашата земја или туѓата земја или безимената земја. Тоа е земјата на која ние сме државјани. Дали сме согласни со тоа? – Секако, не. Дали секогаш ќе имаме аргументи во врска со тоа прашање? – Секако, да. Дали ќе се обидеме во иднина да направиме нешто во врска со тоа? – Секако, во рамки на дозволените правила на игра во меѓународниот поредок. Но, ќе беше несериозно од Мицкоски, по седум години борба да дојдеме на власт, и желба да се справиме со клучната стратешка приоритетна цел со која што излегивме на овие избори, а тоа е борба со криминалот и корупцијата, да се лизнеме или бидеме лизнати на една толку тривијална тема која е парадоксална само на ова парче земја, правило на игра за македонската држава во современиот свет“, истакна Василевска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Ирак: Осум турски војници починаа од труење со метан гас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе