Бројот на загинатите по нападот на вооружените сили на Украина врз Севастопол се искачи на три, а меѓу жртвите има и две деца, соопшти денеска гувернерот на Крим, Михаило Развозаев.
„Бројот на ранети се искачи на речиси 100 лица. Мобилизиран е целиот здравствен систем, ангажирани се лекари и медицински персонал. Оперативните сали се во функција. На жртвите им е укажана сета неопходна медицинска помош“, напиша тој на Телеграм.
Развозаев истакна дека нападот бил извршен со балистички проектили со касетна муниција.
Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека Вашингтон ја сноси одговорноста за смртоносниот напад врз Крим, анектиран од Москва од страна на Украина, во кој според нив се користени американски ракети.
„Одговорноста за намерен ракетен напад врз цивилните жители на Севастопол ја носи првенствено Вашингтон, кој го испорача тоа оружје на Украина“, објави Министерството на Телеграм.
Тие нагласија дека во напдаот Украина користела ракети АТАКМС.