Вести Свет

Пронајдено тело на израелски државјанин на Западниот Брег

Израелската армија објави дека пронашла тело на израелски државјанин за кој се вели дека е убиен во престрелка во градот Калкилија на Западниот Брег.

Портпаролот на израелската армија Авичај Адраи рече дека силите спроведуваат операција во областа, додавајќи дека во тек е истрага за инцидентот.

Претходно, очевидци изјавија дека Израелец бил тешко ранет во главата откако неговиот автомобил бил под оган во Калкилија, северниот дел на Западниот Брег.

За сега е нејасно како дошло до пукањето нити пак се познати причините зошто Израелецот влегол во градот.

Очевидци изјавија за Arab World Press дека вооружени лица отвориле оган кон автомобил со израелски регистерски таблички, оставајќи го неговиот возач ранет по што го запалиле возилото.

„Денеска наутро имаше пукање на улицата 22 во Калкилија, во областа Суфин, чија цел беше израелски доселеник. Подоцна беше објавено дека е убиен. Окупациските сили извршија рација во градот и повикаа огромно воено засилување и ја претворија Калкилија во затворена воена зона“, рече Мохамед Низал, палестински жител на Калкилија.

 

„Вчера окупаторските сили убиле двајца млади луѓе, а претходно убиле едно палестинско дете без очигледна причина. Денеска сме сведоци на масовни рации и затворање на сите влезови на градот Калкилија, кој има единствен влез и уште еден кој води кон јужните села. Сите тие се под опсада од сите правци“, објасни тој.

Израелските сили во петокот застрелаа двајца Палестинци во градот и рекоа дека двајцата се „меѓу бараните лица“.

Израелските Евреи обично не влегуваат во градовите на Западниот Брег. Меѓутоа, Арапите од Израел влегуваат постојано. Етничката припадност на загинатиот израелски државјанин допрва ќе се разјасни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе