Вести Свет

Огномет причина за големиот пожар во Грција

Огномет испукан од јахта во петокот предизвикал шумски пожар на островот Хидра, соопштија локалните пожарникарски власти.

Пожарот ја изгоре единствената борова шума на туристичкиот остров јужно од Атина.

Пожарот едвај бил ставен под контрола. Бидејќи нема патишта до плажата, пожарникарите морале да и пријдат по море, додека хеликоптери испуштале вода од воздух, пишува Би-Би-Си.

Причината за пожарот предизвика гнев во Грција, која веќе се бореше со неколку шумски пожари и е зафатена од првиот топлотен бран годинава.

„Ние сме револтирани што некои луѓе фрлаат огномет толку неодговорно во боровата шума“, изјави градоначалникот на Хидра, Јоргос Кукудакис, за грчката телевизија ЕРТ. Тој додаде дека градот ќе се обиде да преземе правни мерки против патниците на јахтата.

Осуди имаше и на социјалните мрежи. „Богати луѓе со повеќе пари отколку мозок“.

Грција е во состојба на готовност поради шумски пожари од вторникот, а властите се подготвуваат за тешко лето бидејќи продолжуваат сушните периоди, силните ветрови и високите температури.

Летните пожари се вообичаени во Грција и научниците ја поврзуваат зголемената фреквенција и интензитетот на екстремните временски настани, вклучително и топлотните бранови, со климатските промени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кога глушецот го задева лавот- Мицкоски за „прозивката“ на бугарскиот министер за надворешни работи

Дејан Дејан

Невработени му пишувале на Стојанче Ангелов на фејсбук за да помагаат околу пожарите за 20 илјади денари

Дејан Дејан

По укажувањата на УНЕСКО Мицкоски најави дека Министерството за транспорт ќе ангажира фирма која ќе ги урива дивоградбите во Охрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе