Вести Свет

Американскиот носач на авиони пристигна во Јужна Кореја за најавената тринасочна вежба заедно со Јапонија

Американски носач на авиони на нуклеарен погон пристигна во Јужна Кореја на тринасочна вежба во која учество најави и Јапонија, позната како „Работ на слободата“.

Пристигнувањето на ударната американска група дојде еден ден откако Јужна Кореја го повика рускиот амбасадор во знак на протест поради договорот постигнат меѓу рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун оваа недела, со кој се ветува заемна одбранбена помош во случај на војна.

Контраадмиралот Кристофер Александер, вели дека вежбата не била темпирана да испрати порака до Русија или Северна Кореја.

Соочени со растечките закани од Северна Кореја, Соединетите Држави, Јужна Кореја и Јапонија ја проширија својата комбинирана обука и ја зголемија видливоста на стратешките воени средства на САД во регионот, настојувајќи да го заплашат Северот.

Соединетите држави и Јужна Кореја, исто така, ги ажурираа своите стратегии за нуклеарно одвраќање, при што Сеул бара посилни гаранции дека Вашингтон брзо и решително ќе ги искористи своите нуклеарни капацитети за да го одбрани својот сојузник од евентуален севернокорејски нуклеарен напад.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кога глушецот го задева лавот- Мицкоски за „прозивката“ на бугарскиот министер за надворешни работи

Дејан Дејан

Невработени му пишувале на Стојанче Ангелов на фејсбук за да помагаат околу пожарите за 20 илјади денари

Дејан Дејан

По укажувањата на УНЕСКО Мицкоски најави дека Министерството за транспорт ќе ангажира фирма која ќе ги урива дивоградбите во Охрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе