Вести Македонија Топ вести

Зголемен бројот на бактериски инфекции кај деца од предшколска возраст

Зголемен број на пациенти кои се жалат на интензивни болки во грлото, што помалку е нетипично за овој временски период од годината, бележат матичните лекари. Високите температури на кои сведочиме деновиве и конзумирањето  на ладна храна, пијалоци и сладоледи го зголеми и бројот на пациенти со гнојни ангини и висока температура кај детската популација, но и кај возрасните. Веќе неколку месеци матичните лекари се соочуваат со недостаок на соодветен антибиотик во аптеките.

Проблемот со кој се соочуваме е сериозен затоа што антибиотикот кој е прв избор на лек Оспен во Македонија е дефицитарен веќе два месеци. И тоа е сериозен проблем затоа што константно сме „бомбардирани“ од здравствените власти со одредени протоколи дека треба да лечиме по протоколи и по медицина базирана на докази, а всушност тоа не ни е овозможено, вели д-р драган ѓорѓиевски, претседател на здруженитео на општи и семејни лекари. 

Зачестена е и циркулацијата на стафилококи во нос, стрептококи во грло, бетахемолитични стрептококи, што особено се забележува кај детската популација меѓу 1 до 12 години.

Друго нешто со кое се соочуваме се пневмонии и тоа од типот на атипични интерспицијални пневмонии кои се предизвикани од клима уредите, бидејќи самите клими ако не се чистат тие создаваат една влажна средина во која се развиваат едни помеѓу бактерии и вируси наречени микоплазми, легионели. Се детектираат на специфичен начин со пнеумослајд или легионелата преку антитела во урина, прито имам веќе пациенти со микоплазма, двајца позитивни со клиничка слика на една сува надразнителна кашлица, со едни опструкции во самите бели дробови., вели д-р ѓорѓиевски

За лекарите е важно да се подигне свеста за хигиената, почесто миење на рацете, да се пијат доволно течности, да се биде внимателен во изборот на храна, сето тоа што се внесува во летниот перид да биде соодветно обработено за да не се соочат со труења од храна кои се типични за овој период во годината.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Совесноста на луѓето најголемата превенција од пожари во шумите и планините

Дејан Дејан

Се урна зграда во Карачи – 16 загинати, над 20 повредени

Дејан Дејан

Фатен нов див приклучок на вода во Сарај – поднесена кривична пријава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе