Доколку премиерот на Северна Македонија од моментот кога ќе ја презеде должноста, инсистира на моменталната реторика, ќе се најде во многу непријатна позиција, кога ќе се сретнеме на НАТО Самитот, повтори грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Според него Договорот од Преспа обезбеди едно име за севкупна употреба, а не двојна формула и уште еднаш го повтори ставот дека оспорувањето може да создаде проблеми во односите со Грција, со НАТО и ЕУ.
Скопје мора да сфати дека не може да си игра со Атина за такво прашање, бидејќи ако земјата се стремеше кон двојно име, прашањето ќе беше затворено пред многу години. Скопје влезе во НАТО токму преку Договорот, кој има свои проблеми, меѓутоа обезбеди едно име за сите и ако ова се оспори, тогаш да знае Северна Македонија дека ќе има големи проблеми, не само во нејзините билатерални односи со Грција, туку и во нејзините односи и во НАТО и со Европската Унија кон која има амбиција во некој момент да стане членка, порача грчкиот премиер.
Мицкоски пак со одговор дека и претходно ги слушнал ваквите изјави на грчкиот премиер и додава дека тој е човек кој секогаш се подготвува за предизвици.
Човек кој сака предизвици и е подготвен да се соочи и да аргиментира за сите прашања на самитот на НАТО, порача Мицкоски.