Вести Македонија Топ вести

Ја удрил мајка му со бокс во глава и ја давел, со нож се заканувал дека ќе ја убие – одреден притвор за велешанец

Судот во Велес го прифати предлогот на јавен обвинител и определи притвор за велешанец за семејно насилство врз неговата мајка. Мерката е изречена бидејќи, како што стои во соопштението на Јавното обвинителство, обвинетиот живее во истата семејна заедница со жртвата и има можност за повторување на делото, но и заради постоење на околности кои укажувбаат дека би можел да се даде во бегство.

„На 17 јуни, по вербална расправија во домот, обвинетиот ја удрил мајка му со бокс во главата, па започнал да ја дави, нанесувајќи и телесни повреди – хематоми. Зел нож од кујната со кој и се заканил дека ќе ја убие. На 19 јуни побарал од мајката да му даде пари. Откако му рекла дека нема, повторно со нож и се заканил дека ќе ја убие, со што кај неа предизвикал вознемиреност и страв“, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе