Албанскиот фудбалер Мирлинд Даку по мечот со хрватската репрезентација предизвика скандал навредувајќи ги Македонците со вулгарно скандирање преку мегафон, а во тоа го подржаа и навивачите од трибините.
На истиот меч навивачките групи употребуваа погрдни и зборови и за Србите.
Ова е нов скандал кој го направија фудбалерите на Албанија, се очекува остра реакција од УЕФА, како и за навредите на навивачите на Албанија и на Хрватска упатени до Србите на натпреварот против Хрватска.
Фудбалскиот сојуз на Србија веќе реагираше и од УЕФА побара ригорозно да бидат казнети Фудбалските федерации на Албанија и Хрватска.
Ooo qifsa maqedonën pic.twitter.com/CWwAi5sqAq
— 𝗦𝗼𝗹𝗮𝗿𝗻𝗶𝗸® 🪬 (@SolarNik) June 19, 2024