Економија

Известување од Телевизија ТЕЛМА до македонската јавност за примена на новите законски одредби за реемитување

Во согласност со законските одредби кои произлегуваат од измените на Законот   за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Телевизија ТЕЛМА ја известува јавноста за следново:               

Почитувани,

Телевизија ТЕЛМА Ве известува дека, со последните измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Сл.весник на РСМ бр. 55/06.03.2024 )  согласно член 141-а, Реемитување на програмски сервиси кои се емитуваат на дигитален терестеријален мултиплекс како радиодифузери имаме обврска јавно да ги повикаме сите оператори на јавните електронски комуникациски мрежи за склучување на нови комерцијални договори со право на надоместок за реемитување на нашиот програмски сервис.

Истовремено ќе ја информираме целата јавност во Македонија, но и надвор од неа дека, нашата земја е единствена во Европа каде комерцијалните оператори на јавните електронски комуникациски мрежи и останатите оператори кои го реемитуваат нашиот програмски сервис, не ни плаќат надоместок за реемитување на нашите авторски и сродни права,  што пак не е случај со регионалните и останатите странски ТВ канали кои се реемитуваат во Македонија.

Затоа, почитувајќи ги позитивните законски прописи, ве информираме дека од 1-ви Септември 2024 година, очекуваме од сите оператори на јавните електронски комуникациски мрежи, од претплатата која ја наплатуваат од граѓаните на Македонија, да одвојат максимум 14 денари + ДДВ по еден претплатник.

Оваа сума ќе остане на сила до моментот на промена на истата.

Со почит,                                                                    ТЕЛЕВИЗИЈА ТЕЛМА

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Граѓаните потрошиле 30 отсто повеќе пари, а купиле 7 отсто помалку прехранбени производи

Дејан Дејан

Колку ќе го чини МЕПСО раскинувањето на договорот за енергетското поврзување со Албанија?

Дејан Дејан

Сè е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе