Вести Македонија Најважни

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги открие своите министри по седници на своите партиски тела- за некои имиња се шпекулираше дека ќе бидат во кабинетот на Мицкоски

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска на седници треба да ги утврди кандидатите за министри од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од партијата на мандатарот Христијан Мицкоски.

Мицкоски пред 4 дена соопшти дека во вторник, 18 јуни, до Собранието ќе биде доставен официјалниот список на кандидатите за членови на новата влада.

Во владата која сега наместо 16 се зголеми со законски измени усвоени во Собранието, и ќе има 20 министерства, ќе учествуваат претставници на коалициите „Твоја Македонија“ и „Вреди“ и од партијата ЗНАМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ досега не ги соопштуваа кандидатите за министри иако имаше информации дека градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцински ќе биде министер за надворешни работи, а партиската потпретседателка Гордана Кочоска ќе биде министер за финансии. Сања Божиновска се спомнува како министерка во новиот ресор енергетика, а Цветан Трипуноски во земјоделие.

За министер за внатрешни работи се спомнуваше техничкиот министер Панче Тошковски, но се шпекулира дека тој ќе биде генерален секретар на владата. Други можни имиња на чело на МВР беа Александар Јанев, поранешен началник во МВР во техничка влада, но и Игор Јанушев. Јанушев според друга верзија би бил министер за одбрана.

Место во кабинетот се очекува да има и за потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и Владо Мисајловски. Се спомнуваат економскиот ресор, транспорт и врски, но и одбрана.

Некои од партнерите на ВМРО-ДПМНЕ веќе ги потврдија кандидатите. Движењето ЗНАМ во петокот ги утврди своите кандидати со кои ќе партиципира во владата –  Игор Филков е нивниот кандидат за министер за правда, а Горан Минчев – кандидат за министер за јавна администрација.

Собранието на партијата Беса на Биљал Касами, која е дел од коалицијата „Вреди“, на состанок во четвртокот одлучи за членови во новата Влада да ги кандидира Фатмир Лимани – за министер за социјална политика, демографија и млади, Бесар Дурмиши – за министер за економија и труд и Седат Сулејмани  за заменик-министер за култура и туризам.

Централното претседателство на Алтернатива  синоќа го номинираше Орхан Муртезани за нивни кандидат за министер за европски прашања, Лулзим Алиу за кандидат за заменик-министер за образование и наука и Сафије Садики-Шаини за заменик-министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

Од другите партии во коалицијата „Вреди“,  лидерот на Демократско движење, Изет Меџити најави дека ќе биде прв вицепремиер и министер за екологија,  а за лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари дека ќе се врати на позицијата- министер за здравство.

(ФОТО) Премиерски портрет на Талат Џафери поставен во владата

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Асанж ќе признае вината и ќе се врати во Австралија

Дејан Дејан

ДЗР: Отсуството на систем на управување со јавните инвестиции носи високи фискални ризици,  неостварен економски раст и неостварени цели за подобар квалитет на животот на граѓаните

Дејан Дејан

Костадиновска Стојчевска во „Топ тема“: Седум години ние бевме предавници, вие патриоти, за некој да даде заклетва со Северна Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе