Вести Македонија Свет

Сиљановска-Давкова на мировниот самит за Украина: Компромисите со меѓународното право и принципи можат да го компромитираат европскиот и светскиот мир

Во обраќање на пленарната сесија на Самитот за мир во Украина, што викендов се одржува во Бургеншток на езерото Луцерн во Швајцарија, претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова истакнала дека тековната војна во Украина нè засега сите нас.

Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова, таа оценила дека Украина е изложена на огромно човечко страдање и уништување, дека безбедносната архитектура на Европа е под закана, а на глобално ниво животите на милиони луѓе се засегнати од тешките економски последици.

На најсилен можен начин ја осудуваме неиспровоцираната и неоправдана агресивна војна на Русија и ја поддржуваме Украина на најдобар начин, дури и повеќе од она што го дозволуваат нашите ограничени капацитети, ресурси, истакнала претседателката Сиљановска-Давкова.

Нашата држава, посочила претседателката, се приклучи кон Кримската платформа и целосно се усогласи со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, „а Украина беше главен приоритет за време на македонското претседавање со ОБСЕ во 2023 година“.

На хуманитарен план, како што рекла, „се приклучивме на меѓународната коалиција за враќање на украинските деца и обезбедивме цивилна поддршка и итна помош за Украина и за украинските бегалци. Како поддршка на евроатлантските аспирации на Украина испративме воена опрема преку Пакетот за сеопфатна помош на НАТО“.

Како суверена нација, само Украина може да одлучи за својата иднина. Од Украина зависи кога и како ќе ја ангажира Русија за евентуално усогласено решение. Праведниот мир мора да биде вкоренет во принципите на Повелбата на ОН за суверенитет и територијален интегритет. Обидот на Русија да стекне територија со сила е флагрантно кршење на овие основни начела. Кога опасните преседани остануваат неоспорени, тие можат да се претворат во толерирани практики. Компромисите со меѓународното право и принципи можат да го компромитираат европскиот, па дури и светскиот мир и безбедноста. Единствениот начин да се избегне ова е да се почитува Повелбата на ОН и принципите на меѓународното право, без исклучок, нагласила претседателката Сиљановска-Давкова, истакнувајќи дека воздржувањето од употреба на сила, почитувањето на суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите, и заштитата на човековите права и основните слободи, се цврсти принципи за кои не може да се преговара.

Претседателката Сиљановска-Давкова во обраќањето денеска, наведува нејзиниот Кабинет, посочила дека „додека се развива рамката за иден мировен договор, ќе продолжиме да ја поддржуваме слободна, независна, демократска и суверена Украина“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Боцевски во „Топ тема“: Принципот „100 дена“ е од времето кога веста за избор на влада патувала со коњ

Дејан Дејан

Муслиу во „Топ тема“: Видов ентузијазам и енергија кај премиерот, се надевам нема да ги загуби, има промена и во пристапот кон странските инвестиции

Дејан Дејан

Боцевски во „Топ тема“: Македонија повторно е на мапата на развојот, се враќаат инвестициите по седум години пауза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе