Вести Македонија

Мицкоски очекува сите партии во Собранието да ги гласаат измените на Законот за локална самоуправа

Мандатарот Христијан Мицкоски, кој вечерва ги соопшти имињата на министрите кои ќе ја состават новата влада, изрази надеж дека измените на Законот за локална самоуправа ќе бидат поддржани од сите пратеници во Собранието.

Иако на ВМРО-ДПМНЕ можеби политички му одговара во овој момент да има избори, продолжи Мицкоски, ние не сакаме да бидеме влада во која ќе има двојни стандарди.

Цениме дека не треба дополнително да се трошат пари на граѓаните, тие избори во неколку општини би чинеле можеби 1 милион евра, пари со коишто можеле да направиме некој булевар, некоја нова градинка, да реновираме некое училиште, наместо со нашите политички игри да ги малтретираме граѓаните сега, ноември, декември еднаш, па догодина септември, октомври уште еднаш, рече Мицкоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Министерството за правда информира дека се неточни тврдењата дека ќе се изгубат средствата од реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе