Иако насоките од ОБСЕ се такви, какви што се, Татјаната Стојановска од „Независни за Карпош“ во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ изнесе забелешки и посочи некои примери во однос на собирање на потребниот број на потписи за независни листи за учество на избори во дел од европските земји.
„Во Австрија и Белгија се доволни 200 до 500 потписи, Британија и Финска до 100, Германија 200, во Италија 500 до 1.000 за парламент и 350 до 700 за Сенат. Значи збориме за многу поголеми изборни единици од нашите, а испаѓа дека кај нас, неверојатно звучи, но во Град Скопје треба да се обезбедат потписи, дури и повеќе одошто потребни гласови за избори на еден советник. Тоа е многу голема бројка“, рече Стојановска.