Падот на побарувачката на облека во западноевропските земји, директно влијае и на работата на македонските текстилни компании. Помалите конфекции остануваат без работа. Според Ангел Димитров од Организација на работодавачи, за излез од оваа состојба треба помош и од новата Влада, особено во делот на данокот на плати и придонеси.
Бизнис секторот смета дека текстилството е трудоинтензивна дејност и вештачкото, односно, политичкото покачување на минималната плата мора да биде на товар и на државата.
Домашните компании стравуваат и дека новата странски компанија во ТИР зоната, ќе им ги земе обучените работници. Работодавачите бараат странските компании да се ослободат од плаќање на даноци, само доколку вработат невработени лица.
Викторија Димитрова Јованова