Вести Македонија

Се надградува „Сејф сити“ но камерите сѐ уште не се во употреба за „ловење“ на прекршоци

Деновиве на булеварите низ главниот град се поставуваа камери кои се дел од системот „Безбеден град“ и кои во иднина ќе се користат и за казнување на граѓаните кои направиле сообраќаен прекршок.

Од МВР велат дека во континуитет се врши надградба на системот „Безбеден град“ кој има за цел зајакнување на сообраќајната безбедност, а откако ќе бидат поставени, ќе се користат за документирање на сообраќајни прекршоци.

Од МВР додаваат и дека камерите сѐ уште не се во функција, а по завршувањето на сите потребни активности околу овој проект јавноста соодветно ќе биде известена.

Минатиот месец, тогашниот технички министер Панче Тошковски изјави дека во фаза на тестирање е системот за автоматско евидентирање на сообраќајни прекршоци за чие целосно ставање во функција потребно е да се направат и соодветни законски измени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе