Вести Македонија

Поповска во „Топ тема“: Очигледна е дискриминацијата на независните листи во поглед на партиите

Се прави една очигледна дискриминација на независните листи во поглед на партиите. Најпрво реагирав ов месец март, веданш по носењето на законот за измените на изборниот законик со една колумна и најавив иницијатива пред Уставен суд и по изборите излеговме со неа, рече Лилјана Поповска од „Зелен институт“ во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Вкупно сме 11 членови. Можеше да се пријават и други, но ова беше нешто со што можевме, некоја оптимална бројка која што е доволно индикативна да се види едно разнообразие на луѓе од еколошки иницијативи, од независни листи кои што трчале на избори, некои добиле, станале советници, постигнале многу во овој кус период и практично го носеа оној зелен бран на минатите локални избори на кои се добија 65.000 гласови, вклучително со Скопје, што е 6,7 отсто од вкупно излезените гласачи. Тоа по бројка значи 67 независни советници, што е огромна бројка. Тие по правило се еколошки активисти кои излегоа со нискобуџетни кампањи, со голем ентузијазам, и луѓе кои што немаат хиерархија, туку се поврзани мрежно меѓу себе и на кои што граѓаните им веруваат и токму затоа ги гласаат“, вели Поповска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе