Вести Македонија

Костадиновски: Ќе бидам лојален на Уставот и нема да дозволам политички влијанија

Враќање на довербата на граѓаните во Уставниот суд и во правната држава. Новиот претседател на Уставниот суд Дарко Костадиновски го претстави  својот прв поритет. Вети и дека ќе биде бескомпромисен кон политчки и било какви влијанија и ќе се залага за независност и самостојност на судот и судиите.

Тоа што бил предложен за судија од претседателот Ѓорѓе Иванов вели дека не значи дека се согласува со сите негови ставови, а тоа важи и за неговите претходници со оглед на тоа што Костадиновски бил во претседателскиот кабинет од 2001 се до 2018, кога беше избран во Собранието.

Вели негова работа било да ги советува шефовите на државата. Новиот претседател на Уставен ќе се залага за носење на системски закон за судот.

Костадиновски најави поголем активизам, судот во иднина ќе отвора повеќе предмети по сопствена иницијатива. На прашањето дали ќе иницира предмети за двојните функции  на техничкиот премиер и пратеник Џафери  и министерот и пратеник Демири како и за заклетвата претседателката Силјановска Давкова, Костадиновски најави дека ќе разговара со колегите. Ставот за овие прашања ќе ги каже на седница кога се диксутира.

Бидете уверени без разлика дали овие или било кој друг што ќе наиде на интерес на јавноста или ќе побуди сомнеж кај мене како судија или кај било кој од судиите, ве уверувам дека ќе имаме засилен судски активизам. И тука нема да правиме разлика дали овие предмети се поважни или поневажни затоа што работејќи по предмети ние увидуваме доста аномалии, рече тој.

Вети и поголема транспрентност. Ќе побара поддршка од колегите седниците на уставен повторно да се снимаат.  Најстариот активен предмет во Уставен закон за јазици e оспорен пред повеќе од  5 години.

Костадиновски беше избран во 10-от круг гласање откако пред него тројца негови колеги не успеаа да добијат двотретинска поддршка. Зошто и како подделеноста во два табора се промени кога неговото име дојде на ред за гласање Костадиновски рече дека судиите гласале според сопствено убедување и критериуми.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе