Вести Македонија

Загина скопјанка по удар од моторцикл

Скопјанка загина по удар од моторцикл во текот на вчерашниот ден, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Околу 12.20 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, пријавено било дека на булеварот „Крсте Мисирков“, во близина на крстосницата со булевар „Гоце Делчев“ во градот, моторцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.С., (26) од Скопје, удрил во пешакот А.И..

– Од здобиените повреди, на местото на несреќата починала 74-годишната А.И.. Од страна на лекар од Итната медицинска помош, констатирана била смрт. Со телесни повреди се здобил моторциклистот, констатирани во приватна болница во Скопје, појаснуваат од МВР.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР – Скопје.

ФОТО: Тешка сообраќајна несреќа на раскрсницата кај ФФМ во Ново Лисиче

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Следното покачување на пензиите да биде според законското решение, да го нема линеарното до 2.500 денари

Дејан Дејан

Пациентката со рак на бели дробови прими втора хемотерапија

Дејан Дејан

Рубикон си наплаќал по тендери и со одземена лиценца

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе