Вести Македонија Најважни

Финишира и распределбата на директорски места, со кои се институции ќе раководи Вреди

Откако Вреди и ВМРО-ДПМНЕ ги договорија министерските, сега во финиш влегуваат и преговорите за поделба на директорските позиции. Неофицијално кадри на коалицијата од албанскиот блок ќе бидат поставени за први луѓе на МЕПСО, Македонија Пат, Управата за финансиско разузнавање, Пошта, Управата за водење на матични книги, Државните резерви како и институции од областа на културата како Филхармонија, Албанскиот и тетовскиот театар, потоа затворите во Струга и Тетово и директорски места во Клиниките.

Вреди ќе има и заменик директори во Царина, УЈП, ЕЛЕМ, Пензиски фонд, Финансиска полиција, Фондот за здравство, како и заменик Гувернер во НБРМ и други.

Списокот е долг, но она што останува е дефинирањето на имињата на носителите на овие функции, а се очекува тие заеднички да бидат објавени наредната недела.

Претходно од Вреди информираа дека ќе имаат шест министри и 7 заменик министри. Рокот за формирањето на новата Владата истекува на 26 мај откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го доби мандатот во четвртокот.

Првиот чекор, односно контурите на новата Влада беа исцртани вчера кога Собранието со 88 гласа „за“ го усвои законот за реорганизација на министерствата и нов лик на државната управа.

Законот кој беше изгласан со двотретинско мнозинство  доби поддршка и од пратеници на Европскиот фронт предводен од ДУИ, кој нема да биде дел од владината коалиција, бидејќи тоа неколку пати досега го кажа самиот Мицкоски.

Освен Вреди во Владата влегува и партијата ЗНАМ, а нејзиниот лидер Максим Димитревски викендов беше домаќин на Беарс мото рок фестивал во Куманово, а гостин му беше Мицкоски. Дали таму станало збор околу распределба на кадри не се пофалија, туку на социјалните мрежи објавија дека се дегустирало коледарско гравче.

Сега е веќе извесно дека новата Влада наместо досегашните 16 ќе брои 20 министерства, а новите ќе бидат за енергетика,  рударство и минерални суровини, за дигитализација и администрација и за спорт. Најмалку три министерства пак ќе бидат прегрупирани. Кон министерството за економија се спојува секторот  труд, кон министерството за социјална политика се додава демографија и млади, а кон министерството за култура – туризам.

Марија Митевска

Три часа по полноќ и со двотретинско мнозинство изгласан првиот Закон на новиот парламентарен состав


© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рубикон си наплаќал по тендери и со одземена лиценца

Дејан Дејан

Два онколошки лека префрлени од болничка во примарна позитивна листа

Дејан Дејан

Дигитален упис во средно догодина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе