Вести Македонија Најважни

За екс министрите пратеничката плата доаѓа по 27 јуни

Талат Џафери, Илир Демири како и другите доскорешни министри и директори ќе земат плата од старите работни места иако од 28 мај станаа пратеници со верификувани мандати.

Собраниски извори објаснуваат дека сите избрани и именувани функционери имаат рок од 30 дена за да се направи одјава од претходните работни места, па и од Владата и за пријава на новото работно место, односно во Парламентот.

Од друга страна, Антикорупциската комисија смета дека доколку во текот на денешниот ден не се откажат од другите функции, ќе добијат прекршочни казни поради непочитување на неспоивоста на функции.

Постои неспоивост односно една институција или едно лице извршува двојство на функции. Во тој случај, ДКСК има законска обврска да покрене прекршочна постпка согласно член 105 каде е уредено дека се изрекува глоба од 300 до 500 евра во денарска противвредност на избраното и именуваното лице каде што имаме утврдено неспојливост на функција, изјави Татјана Димитровска, претседател на ДКСК.

Според Димитровска, Собранието треба да им укаже на сите пратеници дека  пратеник не може да извршува никаква друга функција. Во краен случај, на пратеникот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран доколку доколку не се откаже од другите функции.

Собранието најави официјално изјаснување за попладнево. Во деновите по верификацијата на пратеничките мандати, повеќето министри во техничката Влада ги предадоа своите надлежности на нивните заменици. Единствени кои одбиваат да го сторат тоа се Талат Џафери и Илир Демири. Тие најавија дека ќе ги замрзнат обврските во Собранието и ќе работат како министри до изборот на новата Влада, иако уставното начело е: или министер или пратеник.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху за Палестинците во Газа – може да останат а може и да си одат

Дејан Дејан

Телма во Чучер Сандево: Со пожарникарите и жителите ги бранат куќите и манастирите од пожарот

Дејан Дејан

Топлото време е подеднакво опасно и за младите и за повозрасните,

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе