Вести Македонија Најважни

Вработените на Токсикологија тврдат дека директорката Иљази продолжува со хаосот на клиниката

Потпишан годишен одмор за вработени со договор на дело, исплата на плати на 18 лица на кои им е продолжен договорот спротивно на насоките на надлежните институции, распоред за дежурства на медицинските сестри кој фаворизира дел од вработените и пропуст во дежурствата поради кој Клиниката ќе остане без болничар во ноќните часови односно третата смена.

Ова се дел од наводите во писмото кое денес вработените во Клиниката за Токискологија го испратија до медиумите. Тие ја обвинуваат организационата директорка Бесије Иљази дека продолжува со лошото менаџирање поради кое Клиниката тоне во хаос.

  • Писмо од вработени УК Токсикологија: „На распоредот за дежурства на медицински сестри, сите медицински сестри со договор на дело се ставени со работни задачи само во дневните смени, што е еклатантен доказ дека реално нема никаква потреба од истите, бидејќи работниот процес 24/7 се одвива и без нивното присуство. Со дезорганизацијата која ја направи организационата директорка половина месец, Клиниката ќе биде без болничар во ноќните часови, кога фреквенцијата е најголема“.

Од Клиниката демантираат дека некој вработените со договор на дело користи годеишен одмор.

  • „На вработените со договор им е исплатена плата за период од 15 април кога им започнува работниот однос. Нема ниту еден од вработените кои се со договор а на одмор. Медицинските сестри се распоредени во прва и втора смена. Клиниката има болничар кој дежура во ноќна смена“, соопштуваат од УК Токсикологија.

Според наводите во писмото и лицето кое јавно призна дека барал од колега да фалсификува извештај од анализа бидејќи во неа имало трагови од дрога покрај тоа што му е продолжен договорот на дело Иљази му потпишала и решение за годишен одмор кое законски не следува на лице ангажирано со тој тип на договор.

Иако вработените во Клиниката со месеци наназад поради низа нерегуларности  и пропусти бараат разрешување на организационата директорка Иљази, техничкиот министер за здравство Демири во секое појавување во јавноста стои на нејзина страна. Тој го разреши медицинскиот директор Данил Петровски заради неправилности во работењето, иако изборниот процес не е завршен, и го обвини лекарот Нико Беќаровски за говор на омраза.

Антикорупциската комисија отвори два предмети за Клиниката за токсикологија – за вработувањата на 18 лица со договор на дело и за разрешувањето на  директорот Петровски во изборен процес. Во петок на јавна седница антикорупционерите ќе ја соопштат својата одлука по двата предмети.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе