Вести Македонија

Возот од Велес утрово не пристигна за Скопје

Утрово голем број патници кои од Велес се упатија кон Скопје со воз останаа без превоз. Возот што тргнува од Скопје за Гевгелија и обратно, а по возен ред од Железничката станица во Скопје поаѓа  во 16 часот и 55 минути, синоќа по тргнувањето се расипал.

Утрово истиот воз во 4 часот и 40 минути не тргна од станицата во Гевгелија, информираат од железничката станица во Велес. Според возниот ред од Железничката станица овој воз требало да тргне во 6 часот и 27 минути.

Голем број од Велешани кои наутро патуваат со воз на овој патен правец се соочија со овој проблем. Тие денеска беа револтирани што мораа да се изложуваат на дополнителни трошоци и бараат од ЈП МЖ -Транспорт што поскоро да го оспособи овој воз.

Утрово од Велес за Скопје тргна локалниот воз  во 5 часот и 3 минути и возот од Битола кој според возен ред од станицата во Велес поаѓа во 5 часот и 46 минути.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе