Вести Македонија

Уставен во нов обид да избере претседател

Денеска нов обид да се избере претседател на Уставен суд откако изминатите денови пропаднаа шесте обиди во кои ниту еден од кандидатите не успеа да собери двотретинска поддршка од своите колеги или шест гласа за да биде избрана една од двете кандидатки Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева.

Во два наврати судиите гласаа за предложените кандидати, при што ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство.

Вчера заврши и тригодишниот мандат на Кацарска како шефица на Судот.

Ако судиите не изберат претседател и денеска, Уставниот суд ќе навлезе во уставно правна криза. Експертите велат дека потребно е да се избере веднаш претседател на Уставниот суд особено во време кога нема избрана влада.

И во минатото имало ваков случај но гласањето не се повторувало повеќе од два дена. Според Деловникот за работа, тајното гласање ќе се повторува се додека не биде избран нов претседател со потребното мнозинство.

Мандатот на претседателот на Уставен суд е три години, без право на реизбор.

Покрај Кацарска, актуелни судии во Уставен суд се Насер Ајдари, Осман Кадриу, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендер, Татјана Васиќ Бозаџиева, Елизабета Дуковска, Јадранка Дабовиќ Анастасовска и Ана Павловска Данева.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе