Трет ден се гласа но без исход. Уставен суд е без претседател. И третиот кандидат кој беше единствен на гласачкото ливчер Осман Кадриу освоил 5 гласа, еден помалку од потребното двотретинско мнозинство. Ова беше 8-ми неуспешен обид за избор на претседател.
Претходно утринава Ана Павловска – Данева се повлече од трката за да се деблокира процесот и да не дојде до уставна криза, сепак Татјана Васиќ – Бозаџиева и без противкандидатка, повторно доби само 5 гласа, исто како и Кадриу за кого се гласаше на пладне.
На Добирла Кацарска вчера и заврши претседателскиот мандат, а деловникот не предвидува ниту заменик претседател ниту вршител на должност. За да не дојде до блокада 9-мината судии одлучиле да управуваат колективно.
-Со оглед дека се уште не е избран нов претседател на Судот, а со цел Уставниот суд да функционира непречено, судиите едногласно зазедоа став дека за прашањата кои се однесуваат на управувањето, да се одлучува колективно велат од Уставен.
-Уставниот суд е колективно тело, секако дека одлуките ги носат со мнозинство, а претседателот е само прв меѓу еднаквите, во таа смисла е колективното одлучување за прашања кои се однесуваат на управувањето, објаснуваат од судот
Во делот на работата со предмети, Судот непречено работи, прима предмети и постојните предмети тековно се работат , предметите се поделени на судии и советници, велат Уставен.
Кога ќе има нови обиди за избор на претседател од Уставен велат, судиите се консултираат кога ќе продолжи седницата за избор . Според деловникот, гласањето се повторува до изборот на претседател на судот. Неизвесно е и дали на избирачкото ливче ќе се повторат досегашните имиња или ќе се најдат нови на останатите 5 мина судии за кои до сега не се гласаше .
Телма претходно објави дека судиите се поделени во 2 табори, 5 наспроти 4. Поделеноста настанала по точката за усвојување на измените на Деловникот, на седницата одржана минаиот понеделник. Главните причини, според изборите на Телма, се прашањето за употреба на јазиците во Уставен, како и за местото заменик претседател на судот.
Елена Ивановска Мукоска