Вести Македонија

Од партијата НСДП посочија дека во Собранието ќе делуваат опозициски

На централниот одбор на Нова социјалдемократска партија – НСДП беше разгледан Извештајот за претседателските и парламентарните избори 2024 година, а поднесен од Централниот изборен штаб на партијата, на 10 седница која вчера се оддржа во хотел „Хилтон“ во Скопје.

Извештајот по плодната и сеопфатна дебата за изборните резултати беше едногласно усвоен од страна на партиските членови. По завршувањето на овие избори НСДП останува парламентарна партија со два пратеници во актуелниот собраниски состав.

Централниот одбор на НСДП донесе заклучок, дека во следниот период пратениците ќе делуваат опозициски, а за начинот и формата на опозициското делување ќе се одлучува на седницата која ќе се одржи во септември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе